ФудбалФутсал

Шампионот Форца го доби Осогово, триумф за клими, Јувентус Серава пресилен со 10 гола!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Овој викенд започна пролетната полусезона со натпреварите од 11. коло во Првата футсал лига на Македонија.

Првата пролетна рунда донесе убедлива победа за Јувентус Серава од 10:4 против Железарец. Шест погодоци постигна Армандо Алијевиќ, а пак по еден гол постигнаа Ведат Бајрами, Амет Бајрами, Керим Мамуд и Енез Јусуфи, додека пак за гостинскиот тим двоен стрелец беше Беским Мустафи, а по еден гол постигнаа Дарко Насевски и Екрем Мемеди.

Шампионот Форца со 5:2 триумфираше против Осогово од Крива Паланка и победнички го отвори вториот дел од сезоната. Артан Јунизи постига гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Осогово парираше, а потоа домаќинот постигна погодоци за триумф.

Драган Петровиќ, Зоран Левески, Таулант Исмаили и Иван Крстевски беа стрелци за Форца во вториот дел, а за гостинот двоен стрелец беше Давид Ристовски.

Денес Бутел ќе игра против Проект, а колото ќе се комплетира дури во вторник со мечот меѓу Црна Река и Шкупи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!