Ракомет

Митревски за Спортска Мрежа: Вистинско дерби со одлична атмосфера, вакви натпревари треба да има постојано!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Спортска Мрежа од „Билјанини Извори“

Шампионот Еурофарм Пелистер вечерва се намачи за да го добие Охрид во „Билјанини Извори“ со 25:27 во рамки на 18. коло од ракометната Суперлига.

По завршувањето на натпреварот голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски за Спортска Мрежа изјави дека натпреварот бил вистинско дерби, вели дека вакви натпревари треба да има постојано, а атмосферата била одлична со двете навивачки групи.

„Добар натпревар неизвесен, вистинско дерби одлична атмосфера од двете навивачки групи. Можеби ова е нешто што треба да го имаме постојано, во плеј-офот ќе гледаме почесто вакви натпревари и едноставно ова е убавината на спортот, на ракометот, атмосферата без инциденти две навивачки групи. Го добивме овој натпревар нормално дерби секоја страна можеше да победи“, изјави голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски за Спортска Мрежа.

Во следното коло Еурофарм Пелистер во Битола го очекува дербито со лидерот Алкалоид, а пак Охрид гостува кај Пролет во Скопје.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!