Ракомет

Еурофарм Пелистер „преживеа“ во „Билјанини Извори“ и го доби Охрид – неизвесна трка за врвот на табелата!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Спортска Мрежа од „Билјанини Извори“

Спортската сала „Билјанини Извори“ вечерва беше исполнета до последното седиште, во неверојатна атмосфера, со одлична навивачка атмосфера, шампионот Еурофарм Пелистер „преживеа“ и ја доби драмата со Охрид, во меч кој заврши со резултат од 25:27.

Охриѓани покажаа дека може да се носат и да бидат конкурентни за третото место во Суперлигата, а и во анализите на Спортска Мрежа изминатиот период потенциравме дека во плеј-офот титулата може да биде решена токму во „Билјанини Извори“.

Во вистинско ракометно македонско дерби целиот натпревар беше неизвесен, се играше гол за гол, а во првиот дел битолчани на полувреме имаа плус три за 13:16. Во вториот дел беше вистинска драма, каде Охрид дојде и на минус еден во неколку наврати, што ја вжешти атмосферата во салата, но на крај Еурофарм Пелистер успеа да се извлече со тоа што мечот го доби со тесни 25:27.

Теимураз Орјоникидзе со шест реализации беше најдобар кај Охрид, а кај Еурофарм Пелистер тоа беше Усама Хосни со седум голови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!