Втора лигаФудбал

Кевин Заов меѓу најмладите голмани во Македонија кој дебитираше во сениорскиот фудбал!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Голманот Кевин Заов со 16 години, четири месеци и 25 дена е меѓу најмладите голмани во Македонија, кој дебитирал во сениорскиот фудбал.

Кочанчанецот кој потекнува од фудбалската школа Атлетико 2021, на вчерашниот меч од 16. коло на Втората македонска фудбалска лига, како голманот на Брегалница, го имаше своето деби во сениорскиот фубдал.

За Заов ова е прв натпревар во сениорскиот фудбал, кој на вчерашниот меч против Победа успеа да ја сочува мрежата чиста, во натпревар кој заврши без погодоци и без победник (0:0).

Младиот голман кој успешно го чува голот на Брегалница во младинската Суперлига како и во пионерската Суперлига, вчера го забележа својот прв настап за штипскиот второлигаш во сениорска конкуренција.

Да се дебитира на 16 години за прв тим како голман е голем момент во кариерата на еден млад голман, превземајќи голема одговорност, пред се затоа што Брегалница води борба за враќање во Првата лига.

Првиот голман на тимот, Дамјан Серафимов го пропушти вчерашниот меч поради жолти картони, па тоа беше шанса за Заов да застане меѓу стативите и да го чува голот на Брегалница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!