Трета лигаФудбал

Младиот талент Ангел Настевски е нов играч на третолигашот Аеродром

Сподели
ФОТО: Ilhan Osmani
Сподели

Третолигашот Аеродром за пролетниот дел на Трета лига – Север се засили со младиот талент Ангел Настевски, кој пристигна од редовите на поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

Се работи за 18-годишен играч кој важи за голем фудбалски талент, а кој е дете на Вардар. Низ својата кариера покрај за младинските категории на Вардар беше дел и од Македонија ЃП.

Сениорскиот фудбалер заигра во Еуромилк ГЛ, екипа која исто така се натпреварува во Трета лига – Север, каде Настевски бележеше одлични настапи во дресот на Еуромилк ГЛ, а левото крило постигна и три погодоци во есенскиот тим за сега веќе неговиот поранешен клуб. Настевски исто така беше дел и од репрезентацијата на Македонија до 17 години.

Аеродром добива одлично засилување во своите редови, а Настевски веќе е на радар на екипи од Втора и Прва лига, што значи дека во иднина сигурно е дека овој млад талент ќе заигра за екипа од повисок ранг на натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на македонската репрезентација, искусниот Иван Стојановски – Шваба. 35-годишниот Стојановски во тимот...

Останато

ВИДЕО: Team Carvalho Macedonia организираше стручен семинар во Радовиш со Наде Ристов: Ново знаење и искуство за младите спортисти

Во спортската сала на клубот за бразилско џиу-џицу Team Carvalho Macedonia од Радовиш под водство на Методија Зајков денес се одржа стручен семинар,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на...

ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се...

Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Беласица подобра од Кожуф на пријателски натпревар

Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!