ФудбалФудбалска репрезентација

Унапредување на судиските стандарди и доделување на ФИФА амблеми

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење. Во таа насока, оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, кој се одржува од 7. до 11. февруари во Струмица, има посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, презентирани од досегашните еминентни наши најдобри судии, а сега судиски инструктори, Александар Ставрев, Димитар Мечакровски, Дејан Јакимовски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски, Марјан Кировски и Дејан Костадинов.

„Судиската организација е еден од клучените столбови на фудбалот, а нејзиниот развој е наша заедничка обврска. Со континуирана едукација, физичка подготовка и јасни критериуми во донесувањето одлуки, ја зајакнуваме довербата во македонскиот фудбал. Овој семинар е од особено значење затоа што преку него ги поставуваме темелите за иден судиски кадар кој ќе ги следи највисоките светски стандарди, особено во еден исклучително значаен претстоен период на имплементација на ВАР системот“  изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Како круна на посветената работа на нашите судии, на овој семинар беше организирано и свечено доделување на ФИФА амблемите за 2025 година на нашите меѓународни судии. Ова признание е доказ за нивната професионалност и интегритет, но и голема одговорност да продолжат да бидат амбасадори на македонското судење на меѓународната сцена.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија ги додели ФИФА амблемите на сите интернационални судии и им посака многу успех, посветеност, професионалност и одговорност во судењето и достојно претставување на ФФМ и Судиската организација ширум Европа.

Како резултат на досегашната долгогодишна судиска кариера и неговата професионална посветеност како еминентен судија во Првата МФЛ, а потоа и ФИФА футсал судија, претседателот на ФФМ на Јосип Бартон, сегашен комесар за делегирање на судии, му врачи плакета како благодарност за минатиот труд.

Во рамките на семинарот, судиите и контролорите минуваат низ серија теоретски тестирања, практични анализи на натпревари, како и фитнес тестови, кои се основен предуслов за врвно судење. Дополнително, се одржаа работилници за примена на ВАР протоколот, психологија во судењето и интегритет, со цел создавање модерни и подготвени судии за предизвиците на денешниот фудбал.

ФФМ останува цврсто посветена на развојот на судиската организација и на унапредување на стандардите, со крајна цел – фер, транспарентен и квалитетен фудбал во Македонија.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!