Ракомет

Радовиш против Струга ќе ја бара првата победа, капитенот Постолов повикува на поддршка од радовишани!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во сабота ракометарите на Радовиш на домашен терен ќе се соочи со Струга, во рамки на 18. коло од регуларниот дел на Суперлигата.

Радовишани ќе водат борба за опстанок, тоа е факт, ќе ја бараат и првата сезонска радост, но во клубот има позитивни промени. Како што вчера објавивме се вратија искусните Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов, а според нашите информации ќе пристигнат и уште неколку капитални засилувања.

Работите се менуваат на позитивно, а капитенот Здравко Постолов го најавува мечот со Струга и ги повика радовишани на поддршка во сала.

„Во сабота започнуваме со првиот натпревар на домашен терен од оваа полусезона. Сите сме подготвени да го дадеме максимумот за да ја извојуваме првата победа на домашен терен. Пкана до радовишани да додјат и ни дадат поддршка во саботниот натпревар“, вели Постолов.

Натпреварот меѓу Радовиш и Струга се игра во СРЦ „25 Мај“ во сабота со почеток од 18 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Поврзани написи
Ракомет

Андоновски пред Целје: „Ако ја сопреме нивната брза игра – можеме до поволен резултат!“

Охриѓани ја живеат една од своите најуспешни сезони во својата клупска историја,...

Ракомет

Моралес пред европското полуфинале: ,,Ова е клучен натпревар за да го задржиме нашиот европски сон жив“

Ракометарите на Охрид ги очекува еден од најважните предизвици во сезоната –...

Ракомет

Ракометар доби едногодишна суспензија, РФМ изрече и дополнителни санкции

Дисциплинската комисија на Ракометна федерација на Македонија донесе одлуки за санкции по...

Ракомет

„Ќе оставиме срце на терен!“- Блажески го најави полуфиналето со Целје!

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик на европската сцена – полуфиналниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!