Останато

Дејан Георгиевски во борба за злато на Г2 турнирот во Турција

Сподели
ФОТО: Фејсбук Дарко Костовски
Сподели

Нашиот најдобар таеквондист, Дејан Горгиевски, продолжува со импресивни борби и оваа година. По фантастичните победи на патот до финалето, Ѓоргиевски се квалификуваше за финалето на престижниот Г2 турнир во Турција.

Неговиот настап во Турција е потврда за неговиот голем труд, посветеност и дисциплина, како и за неговите способности да се справи со најсилните противници на меѓународната сцена. Сега, по одличните борби во квалификациите, Дејан ќе се бори за злато во финалето.

Три фуриозни победи на Дејан над репрезентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондисти во светот, Хамидреза Бадријалијабади, репрезентативец на Азербејџан.
„Турција ОПЕН Г2“ годинава се одржува во Анталија, присутна е и цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој е еден од најсилните турнири во светот.

„Сребро и сериозни поени од Г2 се обезбедени за следните олимписки игри, одиме на злато“ вели Дарко Костовски.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!