Ракомет

Еурофарм Пелистер пред голем предизвик – дуел со Спортинг во Лигата на шампионите!

Сподели
Сподели

Во четврток во 20:45 часот, екипата на Еурофарм Пелистер ќе се соочи со португалскиот гигант Спортинг во пресметка која ќе има огромно значење во Лигата на шампионите.

Битолчани се подготвени за овој голем предизвик, и со голема самодоверба ќе се обидат да го изненадат фаворитот на теренот во Лисабон.

Спортинг, екипа со силна историја и играчи од највисок ранг, е неизбежен ривал, но Пелистер има оружје за да се бори. Подготвени за жесток натпревар, битолчани ќе покажат дека македонскиот ракомет може да се соочи со најдобрите во Лигата на шампионите. Еден од нашите најискусни голмани во тимот Никола Митревски добро ги познава квалитетите на Спортинг и вели дека ќе им биде тешко ова гостување.

„Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот. Имаме математики да ја минеме групата, во игра сме и ќе одиме без притисок. Се надевам ќе пружиме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период на многу натпревари, голем дел од играчите се навикнати на тоа. Сите во Лигата на шампионите имаат ваков календар. Можеби ќе биде проблем за домашното првенство, ама сме го поминале ова“, изјави Митревски.

Шпанскиот стратег на Пелистер, Раул Алонсо, е свесен за квалитетот на Спортинг и нагласи дека натпреварот во Лисабон ќе биде голем тест за неговиот тим.

„Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. Мислам дека ова е нивен натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да го задржиме ритамот, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во нападот работевме доста добро и посветени сме на тој тип на игра“, изјави Алонсо.

Еурофарм Пелистер досега има учинок од две победи, две ремија и шест порази.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ѓоргиев го доби дербито меѓу Саса и Тиверија Брера, Ристовски пресметката на Скопје и Љуботен

Делегирани судиите за втората рунда од Првата женска фудбалска лига. Сите натпревари се играат в недела, но во различна саатнина. Дербито на колото...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го одработи првиот тренинг во Виена, во недела следува дуел против Австрија

По пристигнувањето во Виена и краткиот одмор, македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација вечерва го одработи и првиот тренинг во австриската престолнина. Избраниците на...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен ураган во Автокоманда: Алкалоид го ,,разнесе” Ловќен!

Алкалоид стигна до првата победа во Регионалната лига на импресивен начин. Поразот...

Ракомет

Три од три за Охрид, по триумфот во Панчево!

Охрид останува со максимален ефект во Регионалната лига. „Гладијаторите“ вечерва славеа на...

РакометРакометна репрезентација

Јерковиќ во стручниот штаб на Македонија: „Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од репрезентацијата“

Македонската машка ракометна репрезентација доби ново име во стручниот штаб. Хрватскиот стручњак...

Ракомет

Пелистер ,,брка” три од три: Дубочица гостува во „Боро Чурлевски“!

Еурофарм Пелистер во понеделник ќе го одигра третиот натпревар во Регионалната лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!