Екипата на Шкендија Арачиново која е есенски шампион во Трета лига – Север и сака да го освои баражот за влез во Втората лига се засили со двајца нови играчи.
Се работи за Адем Бајрами, како и за Омер Сулејмани кои се нови играчи на третолигашот од Арачиново.
Дефанзивецот Бајрами има 18 години, а потекнува од фудбалските погони на прволигашот Шкупи.
Сулајмани кој е роден 2005 година игра на позицијата лево крило, а носи и меѓународно искуство настапувајќи во шампионатите на Косово и Албанија.
Екипат на Шкендија Арачиново речиси сигурно го потврдо првото место, па фокусот е на баражот како последна пречка за влез во Втора лига.