Турнири

Викендов во Берово ќе се одржи големиот Меѓународен турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“

Сподели
Сподели

Викендов во Берово ќе се одржи голем меѓународен турнир во пинг понг. Од 13. до 15. септември малото гратче во Малешевијата ќе биде домаќин на големи спортски случувања, традицијата продолжува со одржување на големиот Меѓународен турнир во пинг понг – „Зегин Опен 2024“.

Натпреварите ќе се одигруваат во Спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово. За сабота на 14. септември е предвидено дефиле на земјите учеснички, а за вечерта е предвиден голем концерт на македонската музичка група „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“ во Берово.

Овој турнир привлече големо внимание на натпреварувачи од целиот свет што само по себе е потврда за голем и успешен турнир.

На турнирот учество ќе земаат покрај Македонија како земја-домаќин и Аргентина, Косово, Бугарија, Нигерија, Киргистан, Србија, Турција, Украина, Грција, Германија, Хрватска и Белорусија.

На овогодинешното издание од „Опен Зегин 2024“ учество ќе земаат вкупно 177 натпреварувачи. Во однос на категориите кои ќе бидат застапени на самиот турнир ќе бидат У-13, У-15, У-19, апсолутна категорија, категории кај ветераните 40-49 години, 50-59 години, 60-69 години и највозрасните 70+ години во машка и женска конкуренција.

1.600 евра е паричната награда за првото место во апсолутна категорија и во машка и женска конкуренција, а вкупниот награден фонд на „Зегин Опен 2024“ е 12.000 евра.

Компанијата Зегин и ППК Зегин се единствени спонзори и организатори на овој турнир, кој е најголем турнир од ваков карактер на Балканот и пошироко.

Спортски празник во прекрасното Берово, дојдете во оваа мало прекрасно гратче да уживате во пинг понг, во чист воздух, домашна и вкусна храна, добра музика и забава.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан и од Берово ќе ви ја доловиме атмосферата.

ПР текст

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!