РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Голема победа за Македонија над Ерменија со два гола и играч помалку!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација триумфираше со 2:0 над Ерменија во вториот меч од новото издание од Лигата на нации со што се поправи впечатокот од првиот меч кога одигравме 1:1 со Фарски Острови.

Тешка, но голема победа за Македонија, која добива на тежина бидејќи од крајот на првиот дел Македонија играше со играч помалку на теренот, откако Зајков заработи втор жолт картон, а на стартот од мечот Чурлинов се повреди.

Во првиот дел немаше голови на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а Македонија во 70. минута го отвори резултатот со атрактивниот гол на Енис Барди директно од слободен удар, со што голманот на Ерменија само можеше да ја проследи топката како завршува зад него одново во мрежата на неговиот гол, без да може да реагира. Во 79. минута Бојан Миовски постигна гол по одличен дриблинг низ одбраната на Ерменија за 2:0, а воедно тоа беше и конечниот резултат.

Македонија сега е на првото место во својата група со четири бодови. Ерменија е втора со три бодови, колку што има и Латвија која е трета, а која пак со 1:0 славеше над Фарски Острови, додека пак токму оваа селекција која одигра 1:1 против Македонија е последна во групата со еден бод на своето конто.

Следуваат две гостувања за Македонија против Латвија и Ерменија. Против репрезентацијата на Латвија играме на 10. октомври, а три дена подоцна против Латвија. Во ноември Македонија ќе игра дома против Латвија и Фарски Острови.

Натпреварите со Ерменија како што рече и селекторот Благоја Милевски ќе решаваат за првото место во групата.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

Во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, репрезентацијата на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!