Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Каменица Саса пресилни, Скопје со три гола го среди Ас Јунајтед!

Сподели
Сподели

Денес беа одиграни три од четири натпревари од Првата женска фудбалска лига, а мечот меѓу Речица и Топ Гол е одложен за 19. септември.

Тиверија Брера гостуваше во Битола кај повратникот Атлетико во меч на тотална доминација на струмичанки кои триумфираа со 0:6.

Билјана Панеска постигна хе-трик на мечот во Битола, а по еден гол постигнаа Викторија Недева, Тчеури Харуми Гоја и Кешлин Џејн Копли.

Со резултат од 6:0 триумфираше и екипата на Каменица Саса која го декласираше Истатов. Ана Димитровска со моќна партија постинга четири погодоци, а по еден гол постигнаа Гамарт Михаела и Драгана Костова.

Скопје со 3:0 го декалсираше Ас Јунајтед на домашен терен во меч каде трите погодоци паднаа во вториот дел. Сара Евтинџиоска во 51. минута погоди за 1:0, Елена Наумоска во 64. минута стрелаше за 2:0, а пак Теодора Настова во 73. минута ги постави конечните 3:0. Скопје од 72. минута играше со играч помалку поради два жолти картини на Драгана Гегова.

Со мечот меѓу Речица и Топ Гол ќе се комплетира 3. коло, а во оваа рунда одмараше екипата на Љуботен, која требаше да играше со Шкендија.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!