ФудбалФудбалска репрезентација

ФОТО: Мујдин Исмаили избран за претседател на ОФС Тетово, поддршка и за Масар Омерагиќ!

Сподели
Сподели

Вечерва Општинскиот фудбалски сојуз Тетово го одржа своето Собрание за избор на претседател, а беше избран Мујдин Исмаили, кој ќе има четири годишен мандат како претседател на ОФС Тетово.

Покрај изборот на претседател, ОФС Тетово ја истакна својата поддршка за актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, за Редовното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, кое е закажано за 15. март, со што се очекува Омерагиќ да добие нов, четиригодишен мандат, со што ќе ја води ФФМ како прв човек до 2029 година.

ОФС Тетово е еден од поголеми сојузи, кој е одлично организиран, каде успешно се организира и Општинската фудбалска лига или Четвртата лига по ранг на натпреварување, а во ОФС Тетово членуваат клубови од машка и женска конкуренција, како прволигаши, второлигаши, третолигаши, секако клубовите од Општинската фудбалска лига на Тетово, но и футсал екипи, фудбалски академии.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!