ИнтернационалциФудбал

Даниел Аврамовски и официјално потпиша за Игдир, ќе води борба за опстанок во Втората турска лига!

Сподели
ФОТО: Iğdır FK
Сподели

Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Аврамовски и официјално го засили тимот на Игдир, кој ќе се бори за опстанок во Втората турска лига, а стави потпис на договор со важност до јуни 2026 година.

Искусниот фудбалер од средниот ред во Игдир доаѓа од редовите на Болуспор, а сега ќе му помага на новиот клуб во борбата за опстанок во Втората турска лига.

Авромовски во есенската полусезона постигна девет гола и четири асистенции во дресот на Болуспор и со тоа е трет најдобар стрелец во лигата.

Својата кариера ја започна во Работнички, настапуваше и за Македонија ЃП и Вардар во домашниот шампионат, во странство беше дел од Црвена Ѕвезда, Београд, Олимпја во Словенија, потоа се врати во српскиот шампионат настапувајќи за Војводина, во БиХ играше за Сарајево, Кајсериспор и последно за Болуспор.

29-годишниот фудбалер има одиграно и осум натпревари за македонската А репрезентација.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!