Прва лигаФудбал

Прволигашот Брера ги закажа пријателските натпревари, „генералка“ со Тиквеш во Струмица!

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Прволигашот Брера Струмица ги закажа пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетните предизивци кои ќе претстојат пред струмичани.

Првиот пријателски меч Брера го игра во Радовиш против второлигашот Детонит Плачковица на 22. јануари, три дена подоцна следува меѓународен пријателски меч против Марек Дупница од Бугарија, на 29. јануари против Брегалница во Штип.

За 1. февруари е закажан нов меѓународен пријателски меч против Беласица Петрич од Бугарија, меч кој ќе се одигра во Петрич, Бугарија, а „генералката“ ќе биде против Тиквеш на 8. февруари.

Брера Струмица претрпи големи промени во играчкиот кадар, заминаа доста фудбалери, а во следниот период ќе се очекуваат и првите зимски засилувања, со што Брера сигурно е дека ќе ја очекува неизвесна пролет за опстанок во Првата лига. Пролетниот дел струмичани го отвараат во Битола против Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој од 14 до 16 август се одржа во Црнобуки и понуди...

Трета лигаФудбал

Големо Коњари со три победи на подготовките, Зоран Даноски нов тренер на ланскиот второлигаш

Ланскиот второлигаш Големо Коњари одлично го започна подготвителниот период за новата сезона, забележувајќи три победи во исто толку одиграни пријателски натпревари. Екипата најпрво...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Големо Коњари со три победи на подготовките, Зоран Даноски нов тренер на ланскиот второлигаш

Ланскиот второлигаш Големо Коњари одлично го започна подготвителниот период за новата сезона,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Готен се подготвува за новата сезона – клубот од Подареш се реактивира

По неколку години пауза на фудбалската карта на Македонија одново ќе дејствува...

ИнтернационалциФудбал

Дарко Велковски замина од Вардар, македонскиот репрезентативец ќе игра во Бахреин

Дарко Велковски има нов предизвик во кариерата. Искусниот македонски дефанзивец го напушта...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Шкендија остана максимална во ПМФЛ, Ибраими од пенал донесе победа над Струга

Шкендија продолжува со перфектен учинок во новата сезона од Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!