Ракомет

Грузиецот Гамзардиа Уча е нов ракометар на Младост од Богданци!

Сподели
Сподели

Гамзардиа Уча е второто засилување за ракометниот прволигаш Младост од Богданци. Бековската позиција добива големо засилување.

34-годишниот ракометар во Богданци доаѓа од екипата на Куманово каде во есенскиот дел беше еден од најдобрите играчи на суперлигашот. Уча кој е висок 175 см, во тимот на Младост треба да остане најмалку пет месеци. Грузијскиот ракометар е добро познат на ракометната јавност бидејќи истиот е веќе четврта година во Македонија каде играше за суперлигашите Прилеп и Куманово.

„Потпишувањето на договорот со искусниот Грузиец ќе биде од големо значење за сениорскиот тим кој е составен од млади играчи во борбата за влез во Суперлигата. Се работи за брз и искусен играч од кој се очекува да биде предводник на тимот на Младост“, велат од клубот.

Претходно, тимот се засили со пивотот Борјан Цековски, кој дојде од суперлигашот Куманово.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!