Прва лигаФудбал

Tони Атанасов нов тренер на прволигаш Брера Струмица

Сподели
Сподели

По раскинот на соработката со досегашниот тренер Горазд Михаилов, Брера Струмица официјално го именуваше новиот стручен штаб за пролетниот дел од сезоната. Тренерската палка ќе ја преземе Тони Атанасов, а негов помошник ќе биде Панче Стојанов. Оваа одлука е донесена од Управата на клубот, кој ги потврди новите предводници на првиот тим, кои ќе го водат клубот во подготовките и натпреварите од пролетниот дел од Првата лига.

Атанасов и Стојанов се добро познати во струмичката фудбалска јавност. Двајцата оставија значаен траг како фудбалери, а потоа и со својот ангажман во младинските погони на Академија Пандев. Сега, со новиот предизвик во Брера Струмица, тие ќе се обидат да го подигнат тимот и да извлечат максимум од фудбалерите кои во есенскиот дел ја завршија сезоната на осмата позиција.

Со нив во стручниот штаб ќе биде и Дарко Коцев, кој ќе биде кондиционен тренер, додека Ѓорги Шопов ќе се грижи за тренерската работа со голманите. Целта на новиот стручен штаб е да го подобри настапот на тимот и да се обиде да го врати на вистинскиот пат во борбата за подобри позиции на табелата.

„Подготвките ги започнуваме утре сабота и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството“, вели Атанасов.

Брера Струмица се надева дека со оваа нова тренерска структура и професионален пристап, клубот ќе постигне значителен напредок во пролетниот дел од сезоната и ќе ги оправда очекувањата на своите навивачи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!