Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново со ново засилување: Иса Абдулахи од Динамо Тирана

Сподели
Сподели

Амбициозниот третолигаш Шкендија Арачиново продолжува со засилувањето на тимот, а новото име во редовите на клубот е 23-годишниот Иса Абдулахи. Овој фудбалер, кој има албанско државјанство, пристигнува од Динамо Тирана и ќе биде клучен елемент во играта на есенскиот шампион на Трета лига – Север.

Иса Абдулахи својата кариера ја започнал во академијата на Торонто, а потоа се приклучил на младинските погони на Партизани од Тирана. Познат по својата флексибилност на теренот, Абдулахи игра како крилен и дефанзивен играч за врска, што ќе му овозможи да донесе нова димензија во играта на Шкендија Арачиново.

Клубот од Арачиново, кој има осум бодови предност во однос на второпласираната Фортуна во Трета лига – Север, исто така објави и заминувања на неколку играчи, меѓу кои се Адем Саиди, Илир Сула, Фатмир Арифи и Адем Емини. Претходно, клубот се раздели и со Емир Алиу. Но, за да го засили тимот, Шкендија Арачиново ги доведе Фиктер Љиварека, Ертан Демири, Мргим Дани и Бесир Бафтијар.

Сите очи се вперени во претстојниот пролетен дел од сезоната, кога Шкендија Арачиново со голема веројатност ќе го потврди првото место и ќе ја обезбеди својата шанса за влез во Втора лига преку бараж.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!