Втора лигаФудбал

Албан Таипи е нов играч на Арсими

Сподели
Сподели

21-годишниот напаѓач Албан Таипи, кој досега беше дел од второлигашот Детонит Плачковица, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Арсими. Таипи во тимот од Радовиш мина само една полусезона, по што се реши за нов предизвик и трансфер во клубот од Чегране.

Пред да го носи дресот на Детонит Плачковица, Таипи настапуваше за Беса од Добри Дол, а својата фудбалска кариера ја започна во Ренова, по што играше и за неколку клубови во Унгарија.

Со трансферот на Таипи, Арсими дополнително ја засили својата екипа, која претходно ги ангажираше Алпај Јусуф, Стојан Стојчевски и Малиќ Белули. Тимот од Чегране моментално се наоѓа на 4. место на табелата со 29 бодови и амбициозно влегува во пролетниот дел од сезоната со цел да избори пласман во Првата лига.

Арсими пролетната полусезона ќе ја отвори со гостување во Струмица против Беласица, во натпревар кој ќе биде значаен за амбициите на тимот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!