Прва лигаФудбал

Ѓорѓи Мојсов прозиваше во Кавадарци, Тиквеш ги започна зимските подготовки, договорени и пријателските!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Прволигашот Тиквеш ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, со првиот тренинг кој беше одработен на Градскиот стадион во Тиквеш.

Целата фаза од подготовките ќе биде одработена во Кавадарци, а целта на клубот е да избори опстанок во Првата лига.

Освојувачот на Купот на Македонија предводен од стратегот Ѓорѓи Мојсов, за пролетниот дел се засили со Арби Воша, кој пристигна од шампионот Струга, потоа со Филип Купанов и Даниел Миловановиќ од Брера Струмица, а тимот го врати и Никола Најдовски од екипата на Кожуф.

Во следните денови Тиквеш ќе се засили и со репрезентативец на Мавританија, за што веќе се подготвуваат документите, а од петок на тимот му се приклучува и засилување од Хрватска, а преговори се водат со уште еден играч со што ќе се комплетира ростерот за пролетниот дел.

Тиквеш ги закажа пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата, а веќе се работи на подобрување на реализацијата која беше голем проблем за тимот во есенскиот дел.

На 22. јануари Тиквеш ќе го одигра првиот контролен меч со Шкендија во Кавадарци, потоа на 25. јануари во Штип со Брегалница, на 29. јануари со Вардар Неготино, на 1. февруари меѓународен пријателски меч со Земун од Белград, Србија, меч кој ќе се одигра во Охрид, на 5. февруари тест со Кожуф, а „генералката“ ќе биде во Кавадарци против Брера Струмица.

Тиквеш есенскиот дел го заврши на 9. место на табелата со 14 бодови, а пролетниот дел го отвара против лидерот Силекс во Кратово.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!