Трета лигаФудбал

ФК Големо Коњари реагира: Треба вистинска распределба на субвенциите од Министерството за спорт, се гасне надежта и иднината на третолигашите!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Големо Коњари кој настапува во Трета лига – Југ, каде е есенски шампион, го крева гласот во однос на субвенциите кои ги доделува Министерството за спорт.

Преку клупското соопштение се изразува големо незадоволство, а клубот бара и апелира до сите третилигаши од нивниот регион односно Трета лига – Југ да го кренат својот глас и да се побара вистинска резределба на финансите, како што се вели во соопштението.

„ФК Големо Коњари изразува големо незадоволство на одлуката од Министерството за спорт за доделувањето на финансиски средства за 2024 година за спортските клубови. Покрај тоа што е дискриминаторска одлука или со огромни врски со непотизам за некои политички влијаниа кој со право дава негативна порака со која ги гасне надежите и иднината на спортот на многубројните третолигаши. Го замолуваме Министерството за спорт да објасни кои критериуми ние како фудбалски клуб не ги исполнуваме, за разлика од нас исти клубови секоја година земаат огромни суми на пари, ова е страмно што се случува во Трета Лига Југ. Или ние им служиме само за бројка. Затоа ја користиме оваа неправдина и бараме АПЕЛ до сите третолигаши од нашиот регион да го крена својот глас и да се побара вистинска распределба на финансиите“, се вели во сооштението на ФК Големо Коњари.

Претходно, преку соопштение реагираа повеќе клубови од Првата и Втората македонска фудбалска лига за висината на субвенции кои ги доделува Министерството за спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!