Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица утре ги “пали моторите”, договорени пријателските натпревари, еден ќе биде меѓународен!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Детонит Плачковица утре ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од Втората лига.

Здравков на Градскиот стадион во Радовиш, ќе ја има првата прозивка со играчите, а потоа ќе се одржи и првиот тренинг.

Веќе се договорени и пријателските натпревари, а еден ќе биде и меѓународен.

 

Првиот тест меч ќе се одигра на 18. јануари против Кожуф, потоа на 22. јануари со прволигашот Брера Струмица, три дена подоцна следува тестирање со Беласица, а пак на 29. јануари против Осогово од Кочани.

За 2. февруари е закажан меѓународен пријателски меч со Вихрен Сандански кој ќе се одигра во Бугарија, а “генералката” на тимот на Здравков ќе биде против прволигашот Силекс, меч кој ќе се одигра во Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!