Втора лигаФудбал

Нови три засилувања во Детонит Плачковица: Јошески, Масевски и Манасиевски доаѓаат во Радовиш!

Сподели
Сподели

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, по промоцијата на повратниците Филип Димоски и Јовица Радевски, во Детонит Плачковица според нашите информации доаѓаат уште три големи засилувања. Станува збор за Давид Јошески, Дамјан Масевски и Филип Манасиевски.

22-годишниот Јошески во Детонит Плачковица доаѓа од прилепска Победа од каде и потекнува, а настапуваше и за битолски Пелистер и струшки Караорман.

Масевски, кој има 23 години во радовишкиот тим доаѓа од прволигашот Пелистер, тој потекнува од Работнички, а има настапувано и за Кадино, Тетекс, Силекс, Охрид и последно Пелистер.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Манасиевски во Детонит Плачковица доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија, тој има 23 години, а има настапувано и за Борец, Осогово и Вардар од каде и потекнува.


Шефот на стручниот штаб на Детонит Плачковица, Горан Здравков, в четврток ќе означи старт на подготовките за пролетната полусезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Брегалница се засили со искусниот голман Амир Јашар

Прволигашот Брегалница продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а ново засилување во редовите на штипските...

Трета лигаФудбал

Промени во Борец: Марјан Нацев се повлече од претседателската функција, клубот ќе добие ново раководство

Третолигашот Борец од Велес влегува во нова организациска етапа, откако досегашниот претседател и сопственик Марјан Нацев се повлече од функцијата поради здравствени причини....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се засили со искусниот голман Амир Јашар

Прволигашот Брегалница продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона во...

Трета лигаФудбал

Промени во Борец: Марјан Нацев се повлече од претседателската функција, клубот ќе добие ново раководство

Третолигашот Борец од Велес влегува во нова организациска етапа, откако досегашниот претседател...

Фудбал

ОФС Кичево со ново раководство, Марјан Стојановски е новиот претседател!

По долг период на неизвесност, во Општинскиот фудбалски сојуз Кичево и официјално...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Масевски со гол се врати меѓу „рибарите“ – Охрид подобар од Новаци

Охрид со победа ги отвори пријателските натпревари, откако на „СРЦ Билјанини Извори“...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!