РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втора победа за Македонија У19, Калина Попески стрелец на голот за Македонија!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската фудбалска репрезентација до 19 години продолжува со одличните настапи на квалификацискиот турнир во Србија, откако денеска ја забележа втората победа, совладувајќи ја селекцијата на Азербејџан со 2:0.

Македонските фудбалерки уште во првото полувреме ја завршија работата и го решија прашањето за победникот. Калина Попески во 11. минута го отвори резултатот, носејќи предност за нашата селекција, додека во 31. минута по автогол на Јелизавета Вајсмен, Македонија стигна до водство од 2:0.

Во продолжението од натпреварот избраничките на селекторот Изов одиграа одлично, покажаа сигурност и дисциплина во играта, успешно одговорија на предизвиците и не му дозволија на противникот да ја загрози нивната предност.

Со новиот триумф, македонската селекција до 19 години ја потврди добрата форма и продолжува со успешниот настап на турнирот во Србија.

Македонија по две одиграни кола има максимални шест бода и се наоѓа на првото место на табелата, со одлични изгледи за успешен завршеток на турнирот.

На нашите фудбалерки им останува уште последниот предизвик, дуелот против домаќинот Србија, кој е закажан за 2 декември со почеток во 13:00 часот. Македонската репрезентација ќе има можност со уште еден добар резултат да го заокружи одличниот настап и да го потврди првото место.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втора победа за Македонија У19, Калина Попески стрелец на голот за Македонија!

Женската фудбалска репрезентација до 19 години продолжува со одличните настапи на квалификацискиот турнир во Србија, откако денеска ја забележа втората победа, совладувајќи ја...

Останати репрезентацииРепрезентација

Ведрана Тунески освои бронза на Европското кадетско првенство во таеквондо

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески оствари одличен успех на Европското кадетско првенство во Романија, освојувајќи бронзен медал и потврдувајќи го својот потенцијал на...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Ведрана Тунески освои бронза на Европското кадетско првенство во таеквондо

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески оствари одличен успех на Европското кадетско првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пресврт ја совлада Италија, против Турција ќе се бори за трофејот во Анкара!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со успешните настапи на меѓународниот...

Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското таеквон-до – доделени првите мајсторски црни појаси шести дан

Македонската традиционална таеквон-до федерација (М.Т.Т.Ф) ги доби првите два мајсторски црни појаси...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија убедливо ја совлада Финска со 31:24, Италија е следната проверка пред ЕП

Македонската ракометна репрезентација го отвори подготвителниот турнир во Анкара со победа од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!