Шутка 1 стигна до својата трета сезонска победа откако синоќа на домашен терен со 6:1 славеше над Фудбал Старс од Кочани во воведниот меч од седмата рунда на Втората футсал лига.
Со овој триумф Шутка 1 изби на четвртото место на табелата со девет бодови, барем до комплетирањето на колото, а пак тимот од Кочани е шести со седум бода, но може да заврши на седмото место по комплетирањето на колото.
Двојни стрелци во големата победа за Шутка 1 беа Армандо АЛијевиќ и Емрах Селим, а пак по еден гол постигнаа Сантијаго Ариф и Керим Мамуд. Интересно е тоа што сите погодоци Шутка 1 ги постигна во вториот дел откако на полувреме имаше негатива од 0:1.
Резултатот во Шуто Оризари го отвори Давид Тренчев во 7. минута и го донесе Фудбал Старс до почетна предност, но во вториот дел тимот од Кочани во целост потфрли и прими дури шест гола.