СЕЕ Университи ја забележа првата сезонска победа откако во рамките на воведниот меч од 7. коло на Првата футсал лига ја доби голеадата со Јувентус Серава, тетовскиот тим славеше триумф од 6:7 за вредни три бода.
Меч кој го одбележа хет-трикот на Исмет Цека, но и двата автоголови на домаќинот.
Гостинот имаше два гола предност по само четири минути, откако Бејтула Јакупи си постигна автогол, а потоа погоди Ивица Костадиноски. Веќе во 6. минута резултатот беше 0:3 преку првиот гол на Исмет Цека.
Домашниот тим намали со голот на Ибрахим Алији во 7. минута на 1:3, а до крајот на првиот дел Цека постигна втор гол, а пак Енез Јусифи си постигна автогол за 1:5 на полувреме.

Во вториот дел за домаќинот двојни стрелци беа Фуркан Шабани и Омер Османи, а еден гол постигна Елмир Алији, додека пак за гостинот Цека постигна гол во 29. минута и комплетираше хет-трик, а пак Агон Хашими постигна гол во 35. минута.
СЕЕ Университи по седум кола има биланс од една победа, едно реми и пет порази за четири бодови, а пак тимот на Јувентус Серава е на биланс од две победи и пет порази за шест бодови.