Футсалците на Црна Река од Кавадарци утре ќе гостуваат во Прилеп, каде во рамките на 7. коло на Втората лига ќе играат против Победа како апсолутни фаворити.
Разликата во квалитет е огромна, прашање е само со колкава разлика тимот од Кавадарци ќе триумфира во „Ристе Ристески – Ричко“.
Црна Река по пет одиграни натпревари има четири победи и еден пораз со 12 бодови на своето конто, а пак Победа е на дното од табелата со пет порази од толку натпревари, единствен тим без бодови.
Средбата ќе започне во 14:30 часот.