Футсалците на Кратово стигнаа до својата прва сезонска победа оваа сезона откако на домашен терен со 9:3 ја декласираа прилепска Победа во дуел на две екипи кои ги бараа првите бодови, а во рамките на воведниот меч од 6. коло на Втората футсал лига.
Најзаслужен за домашната победа беше Мартин Мишевски кој успеа да постигна дури пет гола во мрежата на прилепскиот тим, додека пак Драган Стефанов постигна хет-трик, а еден гол беше дело на Никола Стојчевски, гол со кој се отвори резултатот.
Кај домашниот тим Миле Талески погоди еднаш во првиот дел, а во вториот дел двоен стрелец беше Никола Трајкоски.
Вечерва лидерот Каршиака ќе гостува во Кочани кај Фудбал Старс од 17 часот, утре од 18 часот дерби на двата лански прволигаши Мал Ајакс и Балкан, а пак во Кавадарци од 19 часот фаворитот Црна Река ќе го пречека дебитантот Шутка 1.