Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука со која Готен службено го добива мечот со Слога од Злеово.
Натпреварот од 6. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица кој се одигра изминатиот викенд во Подареш заврши со резултат од 2:2.
Одлуката поради која Готен го добива службено овој натпревар е поради настап на нерегистрирани фудбалери во тимот на Слога од Злеово, ексклузивно дознава Спортска Мрежа и прва објавува пред сите!
Ваквиот службен резултат прави и промени на табелата.
Готен сега е на второто место со 13 бодови, два помалку од лидерот Василево, а овие две екипи доправа ќе се соочат бидејќи нивниот меч од 5. коло беше одложен. Слога сега го губи освоени бод и запишува трети сезонски пораз и сега е на делба на осмото место со екипата на Струмешница со по седум бодови.