Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската женска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло запиша уште една победа совладувајќи го Љуботен од Тетово пред домашната публика со 4:0.
Победата беше најавена уште во првиот дел кога на полувреме тимот на Никола Гелевски имаше предност од три погодоци. Резултатот го отвори Јован Папучкоска по само три минути игра, а потоа во 35. минута Евгенија Костовска ја дуплираше предноста, а во 44. минута Андреа Огненовска погоди за 3:0 на полувреме.
Во второто полувреме Јована Талевска погоди за конечни 4:0 откако погоди во 57. минута од средбата.
Атлетико од седум меча има шест победи и едно реми и се наоѓа на второто место со 19 бодови, два помалку од лидерот Скопје. Вреди да се напомене фактот што Атлетико е единствениот тим во првенството што нема примени гол, а нападот реализираше 18 гола.
Во следното коло Атлетико ќе гостува во Струмица каде ќе се соочи со екипата на Тиверија Брера во рамките на 9. коло.