Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата на градот со кој клубот е поврзан повеќе од шест децении.

„Црвено-црните“ беа гости во Музејот на град Скопје, каде што преку поставените експонати и историските приказни имаа можност поблиску да се запознаат со минатото на престолнината.

Посетата беше потсетување и на долгогодишната врска меѓу Скопје и Вардар, чии спортски успеси, предизвици и незаборавни моменти се дел од градската историја.

ФОТО: РК Вардар

Посебен момент од посетата беше подарувањето на дресот на Тимур Дибиров, една од најголемите клупски легенди. Во име на Вардар, капитенот Васил Гогов му го предаде на музејот дресот што рускиот ракометар го носеше на својот последен натпревар во вардаровиот дрес.

Подарокот, кој доаѓа од периодот на најголемите европски успеси на клубот и освојувањето на континенталниот врв, ќе остане како дел од спортското наследство на Скопје.

ФОТО: РК Вардар

Од клубот упатија благодарност до навивачот Александар Узуновски – Узун, кој го донирал дресот, како и до Музејот на град Скопје за гостопримството и можноста за оваа симболична средба со историјата.

Вардар и Скопје делат многу повеќе од спортска приказна. Нивната поврзаност трае 65 години, а ваквите гестови се потсетник дека најголемите клупски моменти се истовремено и дел од колективното сеќавање на градот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито Вардар – Алкалоид

Натпреварот што го привлекува најголемото внимание во 10. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!