Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа. Во салата „Боро Чурлевски“ пристигнува германскиот Гумерсбах, противник против кого македонскиот вицешампион ќе бара бодови што можат значително да ги зголемат шансите за пласман во елиминациската фаза.

Од клубот ја истакнуваат важноста на претстојниот предизвик и повикуваат на максимална поддршка од трибините. Пред Пелистер се три натпревари во кои ќе се решава европската судбина, а средбата со германскиот состав е првата од трите клучни можности за продолжување на натпреварувањето.

Интересот за дуелот веќе се чувствува, а влезниците се пуштени во продажба по цена од 200 и 250 денари, во зависност од избраното место во салата.

Натпреварот е закажан за 17 ноември со почеток во 20:45 часот. На табелата Гумерсбах е лидер со четири бода, Вибжеже Гдањск и Ла Риоха имаат по три, додека Еурофарм Пелистер досега освои еден бод.

За битолчани ова е можност да направат важен чекор кон европската пролет, а пораката од клубот е јасна – на терен борба за секоја топка, а од трибините поддршка за секој гол. Битола и Пелистер повторно заедно во обидот да ја продолжат европската приказна!

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито Вардар – Алкалоид

Натпреварот што го привлекува најголемото внимание во 10. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!