РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во футсал 2028 година. Националниот тим на 6 ноември ќе го одржи собирот пред претстојниот квалификациски натпревар против Финска, кој ќе се одигра на 10. ноември во финскиот град Вантаа.

Селекторот Газмед Хисејини го објави списокот на повикани играчи за овој натпревар, кој е дел од главната рунда на европските квалификации за Светското првенство во 2028 година.

Македонија (футсал): Антонио Петровски (голман), Иван Стојановски (голман), Марио Благојевски, Јасир Зекири, Берат Рамадани, Јакуп Рамадан, Наум Блажевски, Бојан Јанев, Таулант Исмаили, Абдил Кадир Јахја, Иван Крстевски, Садат Зибери, Илјаз Чилјафи, Игор Леовски;

Средбата Финска – Македонија е закажана за 10 ноември, со почеток во 18:30 часот по локално време (17:30 часот по средноевропско време), во арената „Енергија Арена“ во Вантаа.

Македонија се наоѓа во групата 4 од главната рунда на квалификациите, заедно со репрезентациите на Шпанија и Финска. Во главната рунда учествуваат 36 репрезентации, поделени во 12 групи со по три селекции. Се игра двокружен систем, односно секоја репрезентација игра по два натпревари со своите противници, дома и на гости.

  • Распоред на натпревари:

20 октомври 2026: Шпанија – Финска 3:1

10 ноември 2026: Финска – Македонија

8 декември 2026: Македонија – Шпанија

23 февруари 2027: Шпанија – Македонија

27 февруари 2027: Македонија – Финска

2 март 2027: Финска – Шпанија

По првиот одигран натпревар, Шпанија е на првото место со три бода, Финска е без бодови, додека Македонија допрва ќе го започне својот настап во групата. Пласман во елитната рунда ќе обезбедат 12-те победници на групите и четирите најдобро пласирани второпласирани репрезентации. Останатите осум второпласирани селекции ќе играат дополнителен бараж, од кој четири репрезентации ќе се пласираат во елитната рунда. Оттаму, патот до Светското првенство продолжува преку елитната рунда и завршните бараж натпревари.

Македонија на 6 ноември ќе го има собирот, по што ќе следуваат подготовките и патувањето за Финска, каде што на 10 ноември ја очекува дуелот од квалификацискиот циклус за Светското првенство во футсал 2028.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со посебно признание за Маркоски – репрезентативниот дрес како спомен за долгогодишната посветеност!

Никола Маркоски остави значаен белег во македонскиот ракомет, а неговиот придонес во националниот тим беше истакнат и пред почетокот на квалификацискиот натпревар против...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров приредија убедлива партија...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

ИнтернационалциФудбалФутсал

Македонскиот судија Доне Ристовски доби нова задача од УЕФА – ќе го суди квалификацискиот дуел за СП меѓу Белорусија и Албанија!

Македонскиот интернационален футсал-судија Доне Ристовски доби нова меѓународна задача од УЕФА. Ристовски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!