Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Сподели
Сподели

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик. Во фокусот на стручниот штаб е Светското првенство во 2027 година, на кое Македонија ќе биде домаќин, па подготовките за настапот на домашен терен започнуваат навреме.

Селекторот Игор Илиевски на располагање има 16 ракометари, а составот во најголем дел го сочинуваат играчи кои ја претставуваа Македонија на Европското првенство во Романија минатото лето. Претстојниот период ќе биде важен за нивното воигрување и напредок пред настапот на светската сцена.

Во рамките на оваа репрезентативна акција, младинците ќе ги одмерат силите со македонската кадетска селекција во два контролни натпревари. Првиот е закажан за в среда од 15:00 часот, додека вториот ќе се одигра в петок со почеток на пладне.

Меѓусебните дуели ќе му овозможат на стручниот штаб да ги провери расположливите сили и да продолжи со оформувањето на тимот што ќе ја претставува Македонија на домашниот Мундијал.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!