Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Познати арбитрите за првите два предизвици на Македонија во квалификациите за ЕП 2028!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската ракометна репрезентација ќе има интернационални судиски двојки на почетокот од квалификациската трка за Европското првенство во 2028 година. Европската ракометна федерација ги одреди арбитрите и делегатите за средбите против Луксембург и Грција, кои се први на програмата во групата.

Утрешниот дуел во Скопје ќе го водат словенечките судии Пукшиќ и Сатлер, додека улогата на делегат ја доби Турчинот Дилмен. Средбата во СЦ „Борис Трајковски“ започнува во 19:00 часот, а македонскиот национален тим ќе атакува на првите бодови во квалификациите.

За вториот натпревар, на гостувањето кај Грција, делегирана е германската судиска двојка Шулце и Тониес. Полјакот Горалчук ќе ја извршува делегатската функција на дуелот што ќе се одигра на 8 ноември од 16:00 часот во Халкида.

Со две победи на стартот, Македонија би направила значаен исчекор во борбата за пласман на континенталниот шампионат, кој во 2028 година ќе се одржи во Шпанија, Швајцарија и Португалија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!