Прва лигаФудбал

Саити: Дојде моментот Башкими да се врати на победите!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Кумановскиот прволигаш Башкими се наоѓа во резултатска криза, откако на последните три натпревари не успеа да забележи победа. Особено болни беа двата порази на домашен терен од Шкендија Арачиново и Силекс, кои дополнително ја влошија ситуацијата во таборот на кумановци.

Најголемиот проблем за тренерот Муарем Муарем останува реализацијата во нападот. Башкими има сериозни потешкотии во офанзивниот дел од играта, а загрижува и податокот дека на последните два домашни натпревари не успеа да постигне ниту еден погодок пред својата публика.

Следната можност за прекин на негативната серија ќе биде гостувањето кај Арсими. Сепак, ниту противникот не се наоѓа во посакуваната форма, со оглед на тоа што и гостите се во резултатска криза и немаат забележано победа на последните седум првенствени натпревари.

„Дуелот против Арсими е пресуден за нас. Дојде моментот да се вратиме на победите и да ја прекинеме оваа негативна серија. Ги повикувам нашите верни навивачи да ги исполнат трибините, да ни дадат ветар во грб и заедно да стигнеме до трите бода“, порача во својата изјава Енсар Саити.

Историјата и меѓусебната традиција одат во прилог на Арсими, кој има скоро од 6 победи во досегашните 12 пресметки, додека Башкими славел само 3 пати, додека 3 дуели завршиле без победник.

Борбата за бодови меѓу Башкими и Арсими ќе се одигра на кумановскиот стадион со почеток во 14:00 часот, додека правдата на теренот ќе ја дели главниот судија Јован Качевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мислими: Мора да го заборавиме поразот од Брегалница и да се фокусираме на Башкими!

Поразот од Брегалница во последните моменти од натпреварот остави горчлив вкус во...

Прва лигаФудбал

Шкемби: Не очекува тежок натпревар, но сакаме три бода!

Тренерот на Струга Трим Лум, Бледи Шкемби, го најави претстојното дерби против...

Прва лигаФудбал

Јанкулов: Атмосферата е одлична, одиме на три бода против Струга!

Актуелниот шампион Вардар денеска на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија ќе...

Прва лигаФудбал

Шкендија веќе победи, притисокот е врз ривалите: реми во дербито најмногу би им одговарало на тетовци

Анализа пред денешното комплетирање на 12. коло во ПМФЛ Шкендија ја заврши...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!