Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Сподели
Сподели

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа неделниот дел од осмото коло во Третата македонска фудбалска лига – Регион 4. Питу Гули славеше со 3:4 против Вардар, иако до 85. минута губеше со 3:1, додека Големо Коњари ја совлада Победа од Пепелиште со 6:2. Превалец и Башкими ги поделија бодовите.

  • Вардар Неготино – Питу Гули 3:4

Питу Гули направи неверојатен пресврт и со погодок во петтата минута од судиското надополнување ги освои трите бода во Неготино.

Борче Гогов од пенал во 33. минута донесе водство за Вардар, а Јованчо Бубаќоски во 45. минута израмни на 1:1.

Гогов повторно беше прецизен од белата точка во 50. минута, а резервистот Диме Великов во 73. минута зголеми на 3:1 за домаќините.

Сепак, крушевчани не се предадоа. Бубаќоски погоди во 85. и 87. минута, комплетирајќи хет-трик за израмнување на 3:3. Целосниот пресврт го донесе Ѓорѓи Стрезовски со победничкиот погодок во 90+5. минута.

  • Големо Коњари – Победа Пепелиште 6:2

Емир Каришиќ со хет-трик го предводеше Големо Коњари до убедлива домашна победа.

Каришиќ го отвори резултатот во осмата минута, а Мартин Младеновиќ во 16. минута израмни на 1:1. Домаќините повторно поведоа со автоголот на Виктор Аризанов во 42. минута, а Борче Сркески во 44. минута зголеми на 3:1.



Ердјан Ибраимоски во 52. минута погоди за 4:1, пред Младеновиќ со својот втор гол во 59. минута да намали на 4:2.

Каришиќ ја потврди победата со уште два погодоци, во 74. и 77. минута, за конечни 6:2.

  • Превалец – Башкими 2008 1:1

Превалец и Башкими ремизираа во натпревар во кој двата гола беа постигнати во првото полувреме.

Емре Исмаил во 28. минута донесе предност за гостите, но Ордан Нешов израмни само две минути подоцна.

Резултатот остана непроменет до крајот. Башкими ја заврши средбата со играч помалку, откако Исмаил во 85. минута доби втор жолт картон.

  • Победа Прилеп – Ултрас 5:1

Победа убедливо го доби прилепскиот дуел и ја запиша седмата сезонска победа.

Марио Наумоски во 42. минута донесе предност од 1:0 на полувремето. Даниел Карчески во 47. и Александар Ристевски во 49. минута зголемија на 3:0.

Славчо Стојчевски во 52. минута намали на 3:1, но Наумоски со својот втор гол во 60. минута и Иса Цанески во 71. минута ги поставија конечните 5:1.

  • Росоман 83 – Млекар 3:1

Росоман стигна до домашна победа, иако Млекар успеа да израмни во второто полувреме.

Марко Миловановиќ во 34. минута донесе водство за домаќините, а Горан Илиоски во 56. минута погоди за 1:1.



Слободан Дуков во 70. минута ја врати предноста на Росоман, а Стефан Костовски во 82. минута ја потврди победата.

  • Бучин – Борец 2:2

Бучин со два доцни погодоци на резервистот Никола Толевски спаси бод против Борец.

По првото полувреме без голови, Марио Наумовски во 51. минута донесе предност за велешани. Џемал Ибрахимовиќ во 79. минута зголеми на 0:2.

Толевски, кој влезе во игра во 80. минута, намали од пенал во 82. минута, а во 90+1. минута погоди за конечни 2:2.

  • Влазними Јуниор – Венец: два гола на Шишков и исклучување на домашниот тренер

Ѓорѓи Шишков во 12. минута му донесе водство на Венец од Долни Дисан, но Аџи Фејзулаи во 19. минута израмни на 1:1.

Шишков повторно ја затресе домашната мрежа во 60. минута, носејќи му нова предност на гостинскиот состав од 1:2.

Средбата ја одбележа и инцидент во завршницата. Според доставениот извадок од записникот, во 87. минута домашниот тренер Венер Усаиновски бил исклучен поради удирање на првиот помошен судија со топка. Во истиот извадок е наведено дека тренерот одбил да достави писмена изјава.

„Во 87. минута исклучен домашниот тренер Венер Усаиновски поради удирање на првиот асистент судија со топка, и истиот не сака да достави писмена изјава.“



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

(ФОТО) Деби со два гола за Даниел Миловановиќ, „Црна Река експрес“ помина низ Штип и го „прегази“ Мал Ајакс

Ништо од дербито во Штип, Црна Река како „експрес воз“ помина и го „прегази“ Мал Ајакс, откако тимот од Кавадарци со 1:4 беше...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа во македонската Суперлига, откако во натпреварот од деветтото коло беа поразени...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката...

Трета лигаФудбал

Караорман на врвот, Крстевски со хет-трик, Баир од 0:2 до победа во 89. минута, реми во Охрид

Караорман го совлада Напредок од Кичево со 2:1 и го заврши осмото...

Трета лигаФудбал

Пчиња со „осумка“ и хет-трик на Нешевски, Куманово го чува врвот, Академија Осогово до гостински бод

Пчиња 2015 ја забележа најубедливата победа во осмото коло од Третата македонска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!