Трета лигаФудбал

Победа со „шестка“, Саса убедлива во дербито, Малеш до триумф во 90. минута

Сподели
Сподели

Осмото коло во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3 донесе 24 гола на пет натпревари. Победа Валандово ја наполни мрежата на Брегалница Делчево, Каменица Саса убедливо ја совлада Академија Огражден, а Хоризонт Турново со пресврт ги освои бодовите во Свети Николе.

Драматична завршница имаше во Берово, каде Малеш славеше со гол во последната минута.

  • Победа Валандово – Брегалница 1926 6:0

Победа го забележа најубедливиот триумф во колото и остана на врвот на табелата. Валандовчани поведоа преку Оливер Маринковиќ во седмата минута, Кирил Коколански зголеми на 2:0 во 23. минута, а Стојанчо Наков од пенал во 27. минута го постави резултатот на полувремето.

Во продолжението Христијан Занов погоди во 60. минута, Коколански со својот втор гол во 71. минута зголеми на 5:0, а Никола Костадинов во 77. минута ја комплетираше „шестката“.

  • Каменица Саса – Академија Огражден 4:1

Каменица Саса оствари значајна победа против екипата од Ново Село и ја намали бодовната разлика во однос на противникот.

Глигорче Ефремов го отвори резултатот во деветтата минута, а Филип Спенџарски во 34. минута обезбеди предност од 2:0 на паузата. Никола Тасев во 57. минута намали на 2:1, но домаќините ја потврдија победата преку Филип Николовски во 73. и Драган Паунов во 81. минута. Саса продолжува без пораз.

  • Овче Поле – Хоризонт Турново 1:2

Хоризонт Турново со пресврт стигна до трите бода на гостувањето во Свети Николе. Тоше Манов уште во втората минута донесе водство за Овче Поле, но Христијан Јованов израмни во 28. минута.

Победничкиот погодок за гостите го постигна Александар Коцев во 59. минута. Турново со овој успех стигна до 12 бодови, три повеќе од Овче Поле.

  • Малеш – Дојранско Езеро 3:2

Најдраматичниот натпревар во колото се одигра во Берово. Дојранско Езеро поведе преку Доне Аргиров во 22. минута, а Марјанчо Пачарски израмни само две минути подоцна.

Филип Зајков во 29. минута повторно ги доведе гостите во водство, но Христијан Чукарски во 43. минута погоди за 2:2 на полувремето.

Одлуката падна во 90. минута, кога Драган Буровски ја затресе гостинската мрежа и му донесе победа на Малеш.

  • Ударник – Карбинци 4:1

Ударник убедливо славеше во Пирава и стигна до втората сезонска победа. Илија Баламов во 12. и Адријан Спасиќ во 20. минута обезбедија предност од 2:0 на полувремето.

Адријан Трајков во 59. и Славе Ризов во 62. минута зголемија на 4:0, а Мирче Натков во 73. минута го постигна единствениот погодок за Карбинци. Нереализиран пенал имаше Трајков во 85. минута. Карбинци останува без освоен бод.

Победа и Академија Огражден имаат по 16 бодови, но валандовчани имаат два одиграни натпревари помалку. Каменица Саса е трета со 13 бодови и, заедно со Победа, останува непоразена.

Одложениот натпревар Победа – Малеш од петтото коло е закажан за 29 ноември.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Караорман на врвот, Крстевски со хет-трик, Баир од 0:2 до победа во 89. минута, реми во Охрид

Караорман го совлада Напредок од Кичево со 2:1 и го заврши осмото коло на првото место во Третата македонска фудбалска лига – Регион...

Трета лигаФудбал

Пчиња со „осумка“ и хет-трик на Нешевски, Куманово го чува врвот, Академија Осогово до гостински бод

Пчиња 2015 ја забележа најубедливата победа во осмото коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 2, совладувајќи ја Победа од Тромеѓа со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Караорман на врвот, Крстевски со хет-трик, Баир од 0:2 до победа во 89. минута, реми во Охрид

Караорман го совлада Напредок од Кичево со 2:1 и го заврши осмото...

Трета лигаФудбал

Пчиња со „осумка“ и хет-трик на Нешевски, Куманово го чува врвот, Академија Осогово до гостински бод

Пчиња 2015 ја забележа најубедливата победа во осмото коло од Третата македонска...

Трета лигаФудбал

Илинден осум од осум, Коњаре со пресврт го доби Студеничани, триумф за Ржаничино

Илинден продолжува со максимален ефект во Третата македонска фудбалска лига – Регион...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!