ФудбалФутсал

(ФОТО) Деби со два гола за Даниел Миловановиќ, „Црна Река експрес“ помина низ Штип и го „прегази“ Мал Ајакс

Сподели
Сподели

Ништо од дербито во Штип, Црна Река како „експрес воз“ помина и го „прегази“ Мал Ајакс, откако тимот од Кавадарци со 1:4 беше убедлив против штипјани, а мечот од 3. коло на Втората футсал лига го одбележа дебито на Даниел Миловановиќ.

Гостинот уште во првите дваесет минути си ја заврши работата и во второто полувреме се „одмараше“ за патот кон дома. Миловановиќ имаше одлично деби со два гола, откако најпрво погоди во 7. минута за отварање на резултатот, а во 12. минута стрелаше за двојна предност.

Мал Ајакс немаше време ниту да здивне, прими трет гол, Никола Димов погоди во 13. минута за 0:3, а во самиот финиш од првиот дел Стојан Петковски „тресна“ гол за 0:4 на полувреме.

Во второто полувреме Александар Михајлов си постигна автогол, па им го ублажи поразот на штипјани.

Црна Река стигна до втората сезонска победа во вториот меч за нив, откако во првото коло беа слободни. За Мал Ајакс по двете победи, ова беше прв пораз.



Спортска Мрежа како и што најави пред почетокот на натпреварот, Црна Река беше повеќе од јасен фаворит, а Мал Ајакс кој на „тенок мраз“ ги доби Овче Поле и Кратово беше пред сериозен испит вечерва и се соочи со висок пораз.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

(ФОТО) Деби со два гола за Даниел Миловановиќ, „Црна Река експрес“ помина низ Штип и го „прегази“ Мал Ајакс

Ништо од дербито во Штип, Црна Река како „експрес воз“ помина и го „прегази“ Мал Ајакс, откако тимот од Кавадарци со 1:4 беше...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа во македонската Суперлига, откако во натпреварот од деветтото коло беа поразени...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката...

Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа...

Трета лигаФудбал

Пчиња со „осумка“ и хет-трик на Нешевски, Куманово го чува врвот, Академија Осогово до гостински бод

Пчиња 2015 ја забележа најубедливата победа во осмото коло од Третата македонска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!