Ракомет

Струга режираше голем пресврт во Битола, Јовановски со 14 одбрани ја реши драмата!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Струга освоија значајни бодови на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2, откако славеа со минимални 25-24. Иако битолчани имаа предност од четири гола (23-19) на десетина минути до крајот, гостите пронајдоа начин да направат целосен пресврт.

Најголемите заслуги за триумфот ги понесе голманот Мартин Јовановски, кој со 14 одбрани, меѓу кои и два запрени пенали во клучните моменти, беше вистинскиот херој на Струга. Гостите ја презедоа предноста на три минути до крајот, кога Петров погоди за 24-23, а Георгиевски подоцна го постави конечниот резултат.

Кај победничкиот состав Јукиќ и Танкоски постигнаа по шест гола, додека кај домашните најефикасен беше Димевски со седум погодоци, пред Илиески со шест.

Со оваа победа Струга се израмни со Еурофарм Пелистер 2 на седмото место на табелата, со по седум освоени бодови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Караорман на врвот, Крстевски со хет-трик, Баир од 0:2 до победа во 89. минута, реми во Охрид

Караорман го совлада Напредок од Кичево со 2:1 и го заврши осмото коло на првото место во Третата македонска фудбалска лига – Регион...

Трета лигаФудбал

Пчиња со „осумка“ и хет-трик на Нешевски, Куманово го чува врвот, Академија Осогово до гостински бод

Пчиња 2015 ја забележа најубедливата победа во осмото коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 2, совладувајќи ја Победа од Тромеѓа со...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Од клупско дерби, во репрезентативен ритам: Македонија ги почнува подготовките за Луксембург!

Македонската машка ракометна репрезентација денеска, 1 ноември, ги започнува подготовките за првите...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци...

Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!