Втора лигаФудбал

Пелистер со шест гола го испрати Детонит, Работнички ѝ го нанесе првиот пораз на Беласица

Сподели
Сподели

Пелистер, Работнички и Камјани забележаа домашни победи во денешните четири натпревари со кои беше комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, додека Македонија ЃП и Осогово одиграа без голови.

Пелистер беше најубедлив и со 6:1 го совлада Детонит Плачковица во Битола. Мартин Мирчевски го отвори резултатот во четвртата минута, а Јаков Пресилски во 31. минута зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на паузата.

Симеон Христов во 57. минута погоди за 3:0, пред Бранимир Иванов во 64. минута да намали на 3:1. Битолчани потоа постигнаа уште три гола: Иван Ивановски во 68., Кире Стојанов во 82. и Данаил Тасев во 85. минута ги поставија конечните 6:1.

Работнички ја победи Беласица со 3:1, нанесувајќи ѝ го првиот првенствен пораз сезонава. Александар Богданоски со два гола во две последователни минути, во 14. и 15., му обезбеди предност од 2:0 на домашниот состав на полувремето.

Димитриј Димитриевски, кој влезе во игра во вториот дел, во 60. минута намали на 2:1. Сепак, само четири минути подоцна Марко Стефановски погоди за 3:1, што се покажа и како конечен резултат.

Камјани го доби соседскиот дуел со Тетекс со 3:1. Фикрет Љиварека во 14. минута донесе водство за домаќинот, а Хисар Али во 37. минута израмни на 1:1. Арбин Курти во 44. минута ја врати предноста на Камјани, кој на паузата замина со 2:1.

Победата беше потврдена во петтата минута од судиското надополнување, кога Љиварека со својот втор погодок ги постави конечните 3:1.

Македонија ЃП и Осогово одиграа 0:0 во Ѓорче Петров. Кочанчани по победата над Брера во претходното коло додадоа и гостински бод, додека домашниот состав остана без триумф и на оваа средба.

Охрид останува лидер со 25 бода, еден повеќе од Пелистер. Работнички има 21 бод и натпревар помалку, Брера е четврта со 18, исто така од девет средби, а Камјани со денешната победа стигна до 17 бода. Во долниот дел Осогово се израмни со Еуромилк на седум бода, веднаш зад Новаци со осум и Детонит со девет.

Вчера Брера го победи Новаци со 4:1, Кожуф славеше над Еуромилк со 3:1, а Охрид го совлада Шкупи со 3:0. Деталите се во веќе објавениот прилог на Спортска Мрежа.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

(ФОТО) Деби со два гола за Даниел Миловановиќ, „Црна Река експрес“ помина низ Штип и го „прегази“ Мал Ајакс

Ништо од дербито во Штип, Црна Река како „експрес воз“ помина и го „прегази“ Мал Ајакс, откако тимот од Кавадарци со 1:4 беше...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа во македонската Суперлига, откако во натпреварот од деветтото коло беа поразени...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката...

Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа...

Трета лигаФудбал

Караорман на врвот, Крстевски со хет-трик, Баир од 0:2 до победа во 89. минута, реми во Охрид

Караорман го совлада Напредок од Кичево со 2:1 и го заврши осмото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!