Ракомет

„Јане Сандански“ ќе биде исполнета до последно место – распродадени билетите за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Македонскиот ракометен класик меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра пред полни трибини. Сите билети за утрешната пресметка меѓу двата големи ривали се распродадени, па салата „Јане Сандански“ ќе биде исполнета до последното место.

Од таборот на „црвено-црните“ очекуваат вистински ракометен спектакл, со одлична атмосфера и поддршка од навивачите. Дополнителен момент на дербито ќе биде и заедничката кореографија подготвена за целата сала.

Поради нејзината реализација, Вардар упати апел до сите посетители да пристигнат најмалку 15 минути пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме. Воедно, од клубот потенцираат дека ништо од поставеното на седиштата не треба да се подига пред да добијат знак од лицата задолжени за координација.

Дуелот Вардар – Еурофарм Пелистер е закажан за 1 ноември со почеток во 17:45 часот, а со распродадената сала и најавената кореографија, сè е подготвено за уште едно ракометно дерби во кое црвено-црната боја ќе доминира на трибините.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци...

Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет,...

Ракомет

Валах меѓу најдобрите голмани во ЛШ!

Голманот на Вардар, Милош Валах, остави силен статистички белег во групната фаза...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!