ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Сподели
Сподели

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората футсал лига меѓу поранешните прволигаши Мал Ајакс и Црна Река, две екипи кои атакуваат на првите две позиции кои водат кон Прва лига.

Црна Река уште пред стартот на првенството најави отворени амбиции и подготвеност за враќање во елитата, а тимот од Кавадарци во Штип доаѓа и како благ фаворит поради подобриот ростер со кој располага.

Мал Ајакс има две победи од толку натпревари и одлично ја отвори сезоната, но штипјани на „тенок мраз“ ги добија натпреварите со малку и спортска среќа. Во првото коло се намачија со Овче Поле кој го добија со 2:1, а тимот од Свети Николе беше декласиран во второто и третото коло. Штипјани потоа славеа со 2:3 над Кратово во гости и тука освоија три бодови потешко од очекуваното.

Црна Река има одиграно само еден натпревар бидејќи во првото коло беше слободна. Во второто коло со 8:3 го декласираше Фудбал Старс од Кочани на домашен терен и сака таква слика и на денешното дерби со Мал Ајакс.



Во тимот од Кавадарци владее позитивна атмосфера, подготвени за денешното дерби кое се игра во салата „Тошо Арсов“ со почеток од 17:30 часот. За Црна Река само три бода се опција и кон тоа и се цели.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип,...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а...

ФудбалФутсал

Во меч со 11 гола Јувентус Серава го доби Осогово од Крива Паланка

Повеќе од атрактивен натпревар се одигра вечерва, Јувентус Серава ја доби голеадата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!