Кошарка

ГКК Штип ја запиша историската прва победа во Суперлигата, Струмица 2001 по триумфот над шампионот поразена во „Џексон“!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарите на ГКК Штип конечно се израдуваа на првата победа во дебитантската сезона во МТЕЛ Суперлигата, откако во натпреварот од петтото коло ја совладаа Струмица 2001 со 87:81. Избраниците на Марјан Србиновски пред домашната публика во спортскиот центар „Џексон“ одиграа квалитетен натпревар и заслужено стигнаа до историскиот прв триумф во елитното македонско кошаркарско натпреварување.

Штипјани во пресрет на овој натпревар имаа четири порази во исто толку одиграни средби, додека Струмица 2001 допатува во Штип по големата победа над актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во претходното коло. Сепак, домашниот состав покажа поголема решителност и успеа да ја прекине негативната серија.

ГКК Штип подобро го отвори натпреварот и уште во првата четвртина наметна свое темпо. Домаќините поведоа со 15:11, а во продолжението ја одржуваа резултатската предност. Во 16. минута, по поените на Караколев, штипјани стигнаа до водство од 31:23, а нешто подоцна имаа и предност од 36:28.

Струмичани, сепак, успеаја да се вратат во натпреварот. Предводени од Џејкобс и Крафорд, гостите ја намалија негативата и на полувремето заминаа со само три поени заостанување, 40:37.



На почетокот од третата четвртина Струмица 2001 се доближи на минимални 40:39, но наместо целосен пресврт, следуваше нов налет на домаќините.

ГКК Штип повторно ја презеде контролата и стигна до 56:49, а по тројката на искусниот Костоски предноста се зголеми на девет поени, 63:54. Гостите од Струмица не се откажуваа и до крајот на третата четвртина успеаја да ја намалат разликата на 65:61.

Решавачкиот момент се случи на почетокот од последниот период, кога кошаркарите на ГКК Штип за само две минути повторно создадоа двоцифрена предност од 71:61.



Струмица 2001 се обидуваше да се врати во игра, но штипјани овојпат не дозволија резултатски пресврт. Со сигурна игра во завршницата ја сочуваа предноста и на крајот славеа со 87:81, за голема радост пред домашните навивачи.

Петмина кошаркари со двоцифрен учинок кај ГКК Штип

Во победничкиот состав дури пет кошаркари постигнаа двоцифрен број поени, што беше еден од клучните фактори за успехот на штипскиот тим.

Најефикасен беше Димчевски со 20 поени, шест скока и три асистенции. Караколев и Хамилтон постигнаа по 19 поени, а Хамилтон дополнително се истакна со девет асистенции.

Одличен придонес имаше и Пал, кој натпреварот го заврши со 17 поени, пет скока и две асистенции, додека искусниот Костоски постигна 12 поени.



Кај Струмица 2001 најрасположен беше Џејкобс со 19 поени, седум асистенции и четири скока. Д. Пандев оствари дабл-дабл учинок со 18 поени и десет скока, Херис постигна 15, Коцев 11, додека Крафорд забележа десет поени и осум скока.

Со оваа победа ГКК Штип стигна до биланс од една победа и четири порази, додека Струмица 2001 по пет одиграни кола има две победи и три порази.

За штипскиот состав ова е значаен момент во дебитантската суперлигашка сезона и дополнителен мотив за продолжението од првенството. Од друга страна, Струмица 2001 по големиот триумф над МЗТ Скопје Аеродром не успеа да ја продолжи победничката серија и го забележа третиот сезонски пораз.

ГКК Штип го дочека својот момент за славење во кошаркарската елита, а првата суперлигашка победа пред домашната публика во „Џексон“ ќе остане запишана како значаен момент во клупската историја.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито со Баскет Кам, Клири блесна со 36 поени за трета победа во низа!

Кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, откако во дербито на третото коло го совладаа...

Кошарка

Драма во „Јасмин“: Тиквеш се врати од минус 11, Волф го урна ТФТ за голема победа во Кавадарци!

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл приредија голем пресврт пред домашната публика во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, откако во драматичен натпревар од петтото...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито со Баскет Кам, Клири блесна со 36 поени за трета победа во низа!

Кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

Кошарка

Драма во „Јасмин“: Тиквеш се врати од минус 11, Волф го урна ТФТ за голема победа во Кавадарци!

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл приредија голем пресврт пред домашната публика во...

Кошарка

Рикиќ со 29 поени го предводеше Работнички до „пет од пет“

Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со...

Кошарка

Струмица го запре МЗТ, Работнички остана единствен непоразен по четири кола

Четвртото коло на МТЕЛ Суперлигата заврши со најголемото изненадување досега — Струмица...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!