Прва лигаФудбал

Вардар се засили и со Едиз Спахиу од Тиквеш

Сподели
Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар претстави уште едно зимско засилување за пролетниот дел од Првата лига, станува збор за Едиз Спахиу кој во Вардар доаѓа од редовите на Тиквеш.

23 годишниот напаѓач изминатата полусезона во дресот на Тиквеш постигна вкупно 4 голови на 18 натпревари, а минатата сезона Спахиу со Тиквеш го освои Купот на Македонија. Во Првата лига новото засилување на Вардар има одиграно вкупно 106 натпреаври на кои има постиганто 23 голови.

Покрај екипата на Тиквеш, Спахиу има настапувано и за екипата на Гостивар, како и за младиот тим на Шкендија, а има настапувано репрезентацијата на Македонија до 19 години и до 21 година.

Досега Вардар се засили со Горгие Јанкулов, Михаил Маневски, Мите Цикарски и Димитар Тодоровски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!