Ракомет

Куманово се засили со младински репрезентативец на Бразил: Промовиран Џанкарло Фелипе Хен

Сподели
Сподели

Македонскиот ракометен суперлигаш Куманоо се засили со уште еден Бразилец во своите редовите за пролетната полусезона. Станува збор за младинскиот репрезентативец на Бразил, Џанкарло Фелипе Хен.

Новиот ракометар на Куманово има 21 година, игра на позицијата лев бек и е висок 191 сантиметар.

„Репрезентативецот на ракометната селекција на Бразил до 21 година Џанкарло Фелипе Хен е нов ракометар на МРК Куманово. Игра на позиција лев бек и е висок 191 сантиметар. Во целокупната своја кариера има настапувано во шампионатот на Јужна Америка и за него е прв предизвик да игра во Европа. За младинската репрезентација на Бразил настапи на СП за ракометари во оваа возрасна категорија кое се одржа во Германија“, се вели во клупското соопштение.

Куманово претходно се раздели со еден Бразилец откако Чиао Винициус премина во редовите на Охрид, а потоа го промовираше Бразилецот Гилерме Да Силва Фернандес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!