Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар каде што младите спортски надежи ќе имаат можност да го покажат својот талент и да ги бранат боите на македонското знаме на големата меѓународна сцена.

Младинските олимписки игри во Дакар ќе се одржат од 31 октомври до 13 ноември 2026 година, а на нив ќе учествуваат околу 2.700 млади спортисти од целиот свет.

Станува збор за Марио Брезовски, Ева Митевска и Петар Цеков, кои ќе настапат во три различни спортови и дисциплини.

Марио Брезовски ќе ја претставува Македонија во триатлон, во дисциплината спринт триатлон, Ева Митевска ќе настапи во атлетика на трката на 100 метри, додека Петар Цеков ќе ги брани македонските бои во пливање, на 400 и 800 метри.

За овие млади спортисти настапот на Младинските олимписки игри претставува големо признание за досегашната посветеност, вложениот труд и постигнатите резултати, но и значајна можност за стекнување меѓународно искуство и докажување на најголемата младинска спортска сцена.

Тројцата млади спортисти се дел од новата генерација македонски спортски надежи, од кои се очекува во иднина да носат уште многу успеси. Нивниот настап во Дакар ќе биде можност достоинствено да ја претстават Македонија и да го направат следниот чекор во своите спортски кариери.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар каде што младите спортски надежи ќе имаат можност да го покажат...

Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките екипи. Охрид гостува кај последнопласираниот Шкупи, Пелистер го пречекува Детонит Плачковица,...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа елиминирана од ИТФ W50 турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...

Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со...

Останато

Штип УГД денес го игра реванш натпреварот против Орион Старс во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Штип УГД попладнево од 18 часот во СЦ „Џексон“ во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!