Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе можат да обезбедат место на трибините за пресметката меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Дуелот од деветтото коло во Супер лигата е закажан за 1 ноември, недела, со почеток во 17:45 часот. Двата ривали ќе се сретнат во СЦ „Јане Сандански“, каде што се очекува ново дерби исполнето со големо внимание од ракометната јавност.

Продажбата на влезниците е веќе започната, а заинтересираните навивачи можат да ги набават преку интернет, на официјалната билетарска платформа на Вардар.

Цената се разликува во зависност од избраниот блок. За местата во блоковите 8, 11 и 16 билетите чинат 300 денари, во блоковите 4, 5, 7, 12, 13, 14 и 15 цената е 400 денари, додека за секторите А2, А3, А5 и А6 изнесува 500 денари.

Ракометното дерби меѓу скопскиот и битолскиот ривал повторно ќе го привлече вниманието на љубителите на спортот, а навивачите можат навреме да го испланираат своето присуство на трибините.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската футсал репрезентација до 19 години ја совлада репрезентацијата на Црна Гора на вториот контролен натпревар

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа победа од 6:3 против Црна Гора во вториот контролен натпревар, кој се одигра во Тиват....

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Хофенхајм за продолжување на европската младинска авантура

Македонскиот младински шампион Брера Струмица денеска го очекува нов голем предизвик на европската сцена. Струмичани во второто коло од Младинската лига на шампиони...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров ги избра адутите за стартот на квалификациите за ЕП 2028, ново име на списокот!

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги прави последните подготовки за почетокот на...

Ракомет

Алкалоид го надигра Бутел во дуелот на Лазаров и Стоилов, „фармацевтите“ до седма победа во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со успешните настапи во македонската Суперлига, откако во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!