ФудбалФутсал

Форца преку Зекири и Чилафи убедлива против СЕЕ Университи, Шкупи славеше во Крива Паланка, Кеги Моби ја доби голеадата во Велес

Сподели
ФОТО: КФМ Форца
Сподели

Поранешниот шампион на Македонија, екипата на Форца забележа убедлива победа над СЕЕ Университи на домашен терен, откако славеше со 7:3 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига.

Домаќинот ја оправда фаворитската улога со голем триумф, а до истиот стигна преку четири гола на Јасир Зекири и двата гола на Иљаз Чиљафи, а пак еден гол беше дело на Берат Рамадани.

За тимот од Тетово во првиот дел погодија Исмет Цека и Ивица Костадиноски, а во вториот дел стрелаше Иса Ејупи за ублажување на поразот.

Големо триумф забележа и Шкупи, клуб кој е поранешен првак на Македонија со убедливи 3:7 против Осогово во Крива Паланка.

Гостинот ја имаше фаворитската улога, а истата ја оправда преку погодоците на Абдил Кадар Јахја кој беше двоен стрелец, како и Артан Јунузи, Зекир Зејнели, Реџеп Сулејмани, Сами Аљиљи и Еркан Сефери кои беа стрелци на по еден гол.

За домашниот тим погоди Андреј Јаневски, а во вториот дел двапати стрелаше Давид Ристовски.



Кеги Моби ја доби драмата со Јувентус Серава на домашен терен, откако во Велес беа постигнати 12 гола за триумф на домашниот тим со 7:5.

Трајче Трајков постигна хет-трик, а пак двојни стрелци за Кеги Моби беа Петар Левков и Марио Панев, а за гостинот еден гол постигна Елмир Алији, а пак двојни стрелци беа Фуркан Шабани и Ибрахим Алији.

Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа шампионот Проект го декласираше Бутел, извештајот од овој меч е достапен овде.

Колото ќе се затвори на 30 октомври во Кавадарци со мечот меѓу Клими и Железарец.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

Трета лигаФудбал

Победа на чело во Трета лига регион 4 со плус пет бода повеќе од Борец кој е втор

Прилепска Победа е на првото место на табелата во Третата македонска фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!